1. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Ковачевски на средба со Сарацин и Франгеш: За европската иднина на Северна Македонија, треба да преовлада одговорноста над партиските интереси

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, имаше средба со специјалниот претставник на Владата на Сојузна Република Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин и со специјалниот пратеник на Република Словенија за Западен Балкан, Анжеј Франгеш.

На состанокот се разговараше за актуелни теми од суштинско значење за перспективите на нашата држава, а беше истакната и улогата на Северна Македонија за стабилноста на Западен Балкан.

Беше изразено очекување дека во претстојниот период, ќе преовладаат зрелоста и одговорноста кон државата и граѓаните, наспроти партиските интереси, и дека политичките претставници, избрани од граѓаните ќе ја реализираат мнозинската волја на народот за членство во ЕУ и можноста пред која е исправена земјата.

Сарацин и Франгеш ја реафирмираа поддршка од Германија и од Словенија на македонските евро-интеграции и повикаа забрзано да продолжи започнатиот европски пат без застој.

Премиерот Ковачевски се заблагодари за континуираната поддршка од Германија и Словенија. „Ја цениме вашата посветеност на европската интеграција на Северна Македонија. Германија, како најголема земја членка на ЕУ и Словенија, како дел од нашиот регион, водат посветена, одговорна и грижлива улога за иднината на Западен Балкан, што секако има одраз врз перспективите“, рече на средбата премиерот Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски вели дека во споредба плата-трошоци за живот, подобри сме од Грција, Португалија, Кипар, Унгарија…

ДЕСК

Голема полициска акција вечерва кај патарината кон Куманово, сообраќајот во колапс

ДЕСК

СВЕЖО И НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ И СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ, ОД ВТОРНИК ПРЕСВРТ – Метеоцентар со неколкудневна прогноза

ДЕСК