Centar.mk
БИЗНИСвест

Бесими во Брисел – Продолжуваат активностите за Планот за раст на ЗБ дефинирани на состанокот во Скопје

Во Брисел денеска продолжува дијалогот на земјите од Западен Балкан со Европската унија, за Планот за раст на Западен Балкан. Делегацијата од РС Македонија, која ќе учествува на билатералните состаноци во Брисел ја предводи министерот за финансии Фатмир Бесими.

Состанокот е дел од утврдените активности за имплементација на предложениот План за раст и се случува само една недела по одржување на иницијалниот состанок во Скопје на кој беше презентиран Планот, откако беше усвоен во Брисел. Фокусот на состанокот во Брисел ќе биде на приоритетните области кои ќе бидат опфатени со реформската агенда која земјата треба да ја подготви во рамки на овој процес и инвестициите што треба да ја поддржат таа реформа.

Интересот и на ЕУ и земјите од Западен Балкан, како што беше посочено на состанокот во Скопје, е овој процес да има брза динамика и бенефитите од него за земјите, граѓаните и бизнис заедницата побрзо да се почувствуваат.

Планот за раст на ЗБ е инструмент на ЕУ кој ќе поттикне забрзано спроведување на реформите, со цел забрзан економски раст и социоекономска конвергенција.

Toj се состои од четири столба, односно зајакнување на економската интеграција со единствениот пазар на Европската Унија, поттикнување на регионалната економска интеграција на Западен Балкан, забрзување на фундаменталните реформи и зголемување на финансиска поддршка за реформи и раст на земјите во регионот преку Инструментот за реформи и раст. Се очекува реформските агенди да бидат подготвени и доставени до ЕУ до почетокот на вториот квартал од 2024 година, а средствата со кои ќе се поддржат тие реформи веќе да почнат да се исплаќаат до крајот на следната година.

Можеби ќе ве интересира

ТИТАН Усје работи како одговорна компанија во земјата повеќе од седум децении

ДЕСК

GLOBAL DIGITAL CITY 2026 ЗАВРШИ СО ДВОДНЕВЕН НАСТАН ПОСВЕТЕН НА BPO, ИКТ, ВРАБОТУВАЊЕ НА МЛАДИ И РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ

ДЕСК

ОКТА АД – Скопје со силни резултати во 2025 година во пазарна средина исполнета со предизвици

ДЕСК