Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Страотна сообраќајка во скопско: Загина жена, а шест лица се повредени

На 21.11.2023 во 15,07 часот во СВР Скопје пријавено е дека на крстосница од магистрален пат Скопје – ГП Долно Блаце и сервисна улица која го поврзува патот со обиколницата околу Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу минибус „мерцедес“ со косовски регистарски ознаки, управуван од Р.Х. (63) од Р.Косово и патничко возило „голф“ со скопски регистерски ознаки, управувано од Ф.И. (19) од Скопје.

Ф.И., Р.Х., како и патниците од минибусот, К.А. (67) и В.А.А.(33) од Скопје, Г.М.(45) и Е.М. (75) од Косово биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на помош, а Ш.Ш. во ГОБ „Св. Наум Охридски“.

На Ф.И., Р.Х., В.А.А., Е.М. и Г.М. им се констатирани телесни повреди, на Ш.Ш. тешки телесни повреди, а К.А. починала од здобиените повреди.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода гевгеличанец, превезувал шест мигранти и излетал од патот

ДЕСК

Таксист натепан во Скопје

ДЕСК

Лишени од слобода пет возачи за безобѕирно управување возило, двајца возеле без возачка дозвола, други двајца со активна забрана за управување возило

ДЕСК