Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Костадиновска-Стојчевска: Албанскиот јазик е дел од македонското мултикултурно општество

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска по повод одбележувањето на 115 годинишнината од кодификацијата на албанскиот јазик, упати честитка во која се вели дека на овој ден, албанските интелектуалци и мислители ја унифицираа албанската азбука, а со која го поставија темелот на културниот и духовниот идентитет на Албанците.

„Јазикот е душата на еден народ, но писмото е неговиот идентитет. Треба да сме горди што нашите вредности се европски, кои нѐ обединуваат во различностите и со кои градиме европска држава, вели министерката за култура, во честитката по повод празникот 22 Ноември.

Таа додаде дека историјата и духовното наследство на Албанците се негуваат и преку Музејот на албанската азбука каде што се чува богатото наследство значајно за уедначувањето на азбуката на албанскиот јазик.

Костадиносвка-Стојчевска која присуствуваше на свечената акдемија по повод празникот 22 Ноември, организирана од Владата, порача дека со прогласувањето на овој датум за Ден на албанската азбука и одбележувањето на еден од најзначајните датуми за Албанците, потврдуваме дека македонското општество е мултикултурно, во кое албанскиот јазик е составен дел од заедничкото јазично и културно богатство.

Во Собранието денеска беше доделена и државната награда „22 Ноември“, чии добитници годинава се проф-д-р Агим Винца и писателот Амет Селмани.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода гевгеличанец, превезувал шест мигранти и излетал од патот

ДЕСК

Таксист натепан во Скопје

ДЕСК

Лишени од слобода пет возачи за безобѕирно управување возило, двајца возеле без возачка дозвола, други двајца со активна забрана за управување возило

ДЕСК