Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Џафери: Пратениците да не се кријат зад имунитетот и да шират дезинформации и говор на омраза

Чувството или интерпретирањето во уставната категорија слобода на говор и по однос на искажаното од говорница, како уставна определба во мисла и во изразување е неприкосновена во смисла на она што е, и што треба да биде чувство на слобода. Однесувањето надвор од она што е слобода, што влегува во делот што го потенцирате како говор на омраза тоа е тенка линија од слобода до забрана и зависи од менталитетот или општата политичка култура на тој што учествува во политичкиот живот и во јавната и општа одговорност, вели Претседателот на Собранието, Талат Џафери во интервју за ЦИВИЛ Медиа, на прашањето – Како да се поправи политичката и јавната комуникација на учесниците во политичките процеси во Парламентот, со оглед на тоа дека често се слуша говор на омраза, дисквалификација на политичките неистомисленици, се слушаат пораки кои се базираат или на дезинформации или содржат во себе говор на омраза на етнички основи?

„Говор на омраза е санкциониран со соодветни закони, а од друга страна се чувствуваме заштитени. Сметам дека тука треба да се направи дигресија по однос на правото и одговорноста на она што ќе го искажеме како јавни личности, без оглед што во основа, условно кажано, сме заштитени од она што ќе го говориме на говорница. Слободата на говор не значи да се злоупотреби во смисла ако сме толку слободни дајте да не се криеме зад имунитетот за смислата на она што е уставна категорија. Тие мисли да ги кажеме слободно таму каде што и по други прописи би биле санкционирани и би потпаднале под одговорност и на јавноста и на она што е граѓанска одговорност пред соодветни институции и органи“, нагласи Џафери.

Целото интервју може да го проследите ТУКА:

Талат Џафери, Претседател на Собранието на РСМ: Апелирам, сите да рефлектираат за потребата и интересот на државата и на граѓаните

Извор: Civilmedia.mk

 

Можеби ќе ве интересира

Важни информации за возачите кои вечерва се движат со своите возила низ Македонија

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД, А ЌЕ ТРУПА И СНЕГ: Метеоцентар објави најнова прогноза за времето во следните 4 дена

ДЕСК

Сточарите и земјоделците излегуваат на протест поради колапс на земјоделството

ДЕСК