Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Блок тарифите за струја нема да се променат, тие даваат резултат – има заштеди од 16%

Нема да има промена на опсегот на четирите блок-тарифи за електричната енергија на регулираниот пазар и покрај забелешките на ММФ.

Ова вчера  во емисијата „Отворено 24“ на ТВ 24 го потврди претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски.

– РКЕ го носи тарифниот систем и кажува во кој опсег ќе се блок-тарифите. Да, има забелешки од ММФ дека блоковите треба да се намалат, но одговорно тврдам – блоковите и нивниот опсег нема да се намалат. Не е тоа решение. Блоковите даваат резултати. Воведената реформа има ефект и има заштеди од 16 отсто. Дури и тоа што беше потопла зимата има удел, но сепак до овој процент е стигнато со штедење на домаќинствата и факт е дека потрошувачката е намалена, рече Бислимоски за ТВ 24.

Целта на воведувањето на блок тарифите беше поправедна наплата на потрошената електрична енергија, по принципот – кој троши повеќе да плаќа повеќе, а кој троши помалку, да плаќа помалку.

Реформата, според анализите е успешна, блок тарифите даваат резултат и ја постигнуваат целта за рационално користење на електрична енергија.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода гевгеличанец, превезувал шест мигранти и излетал од патот

ДЕСК

Таксист натепан во Скопје

ДЕСК

Лишени од слобода пет возачи за безобѕирно управување возило, двајца возеле без возачка дозвола, други двајца со активна забрана за управување возило

ДЕСК