Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

125 санкционирани возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (21.11.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 125 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 19 санкции, четири мерки за возење без возачка дозвола, три мерки за недавање првенство на минување на пешаци, соопшти МВР.

Изречени се 12 мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за некористење сигурносен појас, седум мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода гевгеличанец, превезувал шест мигранти и излетал од патот

ДЕСК

Таксист натепан во Скопје

ДЕСК

Лишени од слобода пет возачи за безобѕирно управување возило, двајца возеле без возачка дозвола, други двајца со активна забрана за управување возило

ДЕСК