Centar.mk
фото Центар.мк
МАКЕДОНИЈА

Возило удрило во велосипед во Тетово и побегнало

Вчера, околу 13.30 часот, во СВР Тетово било пријавено дека на улицата Видое Смилевски-Бато во Тетово, патничко возило удрило во велосипед што го управувал 75-годишниот тетовец Р. М. и го напуштило местото.

Во несреќата велосипедистот добил тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница.

На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.

Можеби ќе ве интересира

Пензионер нападнат во Аеродром

ДЕСК

Гаши – Хаџиев: континуирана соработка меѓу Собранието и ПАБСЕК

ДЕСК

Со изложба на проекти за зелена енергија одбележан 1 Јуни-Меѓународниот ден на детето

ДЕСК