18.8 C
Скопје
20. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Македонија окована во студ, магла и обилни врнежи од дожд – Детална прогноза за следните 4 дена

Утре ќе преовладува сончево време со студено утро. Во вторник по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност, а кон крајот на денот најпрвин во западните, а во текот на ноќта и во среда и во останатите делови ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Утринската температура ќе биде во пораст.

Прогноза за 21.11.2023
Минимална температура: -1°C до 5°C
Максимална температура: 11°C до 16°C

Променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот ќе има локални врнежи од дожд во западните делови.

Прогноза за 22.11.2023
Минимална температура: 5°C до 10°C
Максимална температура: 10°C до 15°C

Облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој кон крајот на денот ќе засилува.

Прогноза за 23.11.2023
Минимална температура: 3°C до 9°C
Максимална температура: 7°C до 12°C

Променливо облачно, претпладне во јужните делови со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.