Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Премиерот Ковачевски – домаќин на „Македонска вечер во Белград“: Гости од регионот и пошироко дегустираа македонски вина, храна и слушаа македонска музика

Синоќа во рамките на меѓународен саем за вино, храна и туризам во Белград се одржа „Македонска вечер“, на којашто домаќин беше претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски.

Во поздравното обраќање премиерот Ковачевски рече дека македонската култура и традиција се познати на регионот и на светот меѓудругото и по македонското вино, храна, музика, што ја промовираат државата и како посебна туристичка дестинација.

„Ве поканувам заедно да ги дегустираме македоското вино и македонската храна автентични за нашата македонска држава. Во Северна Македонија културата и гостопримството се спојуваат и создаваат незаборавни патувања“, рече премиерот Ковачевски.

На „Македоската вечер“ присуствуваа бројни гости од политиката, дипломатијата, стопанските комори од Србија, Црна Гора, Северна Македонија, медиуми.

Можеби ќе ве интересира

Снег на Попова Шапка, магла на одредени патни правци, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови

C +

Утре променливо облачно и релативно топло

C +

Филипче: Пари за 600 евра минимална плата само со кратење на луксузот на власта

ДЕСК