Centar.mk
фото Центар.мк
вестМАКЕДОНИЈА

Приведено лице од Мала Речица, пронајдени над 7.000 парчиња пиротехника

Вчера во 18.15 часот на регионалниот пат од с.Јажинце – Тетово, кај с.Одри, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Рогачево при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле од слобода С.Ј.(31) од село Мала Речица, тетовско. При преглед во возилото „бмв х5“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени 7123 парчиња разновидни пиротехнички средства. Лицето било задржано во полициска станица, за настанот бил запознаен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

Можеби ќе ве интересира

ТОПЛО ДО 21 СТЕПЕН, А ОД НЕДЕЛА ЗАЛАДУВАЊЕ – УХМР најавува дожд, утринска магла и силен јужен ветер

ДЕСК

ПЛАЌАТЕ ЗА УСЛУГА ПОКРИЕНА ОД ЗДРАВСТВЕНОТО ОСИГУРУВАЊЕ? – ФЗО ги засилува контролите за можни неправилности

ДЕСК

ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ ЌЕ ИМА ДВА РАЗЛИЧНИ ДЕЛА – Мицкоски го објасни предложеното решение за јазикот на полагање

ДЕСК