Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Спасовски за црната листа на САД: Лицата што се занимаваат со криминал нормално е да бидат санкционирани

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при посетата на новиот објект на полициската станица од општа наделжност во Аеродром истакна дека очекува лицата што се занимаваат со криминал да бидат ставени на црната листа на САД откога вчера беа додадени мајката на Орце Камчев, Ратка Куноска-Камчева, рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко и неговата сопруга Ирина.

„Очекувам дека и други лица што се занимаваат со криминал, кои не придонесуваат за борба против корупцијата, оние што направиле огромно богатство, им било судено, издржале казна затвор, нормално е да се санкционираат на секој можен начин“, рече Спасовски.

Тој додаде дека очекува дебата во Владата во овој контекст и дека ќе се донесат одредени конкретни мерки.

„Очекувам да се создаде законска можност ваквите компании да не може да учествуваат на јавни набавки, во кои ќе се исплаќаат државни пари. Преку една дискусија ќе мораме да воведеме нормативни мерки, кои ќе ги засегаат ваквите лица“, додаде Спасовски.

Можеби ќе ве интересира

СИЛЕН ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч, ПА ДОЖД И ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО – Еве што ја очекува Македонија во следните денови

ДЕСК

Николоски од Охрид: Силна држава не значи само силна извршна власт, значи и силни и независни институции

ДЕСК

ДОМ: Македонија е на европското дно – Владата се фали со бројки, а платите на граѓаните траат до 10-ти!

ДЕСК