24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Драстичен пад на температурите носи студ и снег и во населени места – Метеоцентар со детална прогноза за времето

Попладне под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд кои во текот на ноќта локално ќе бидат пообилни (над 20л/м2). Поради спуштање на значително постудена воздушна маса во ноќните часови ќе започне да дува засилен северен ветер и врнежите на планините и на некои повисоки места ќе преминат во снег. На планините ќе се формира нова снежна покривка од 3 до 10см. Во недела ќе се задржи студено време со умерен до засилен северен ветер. Потоа времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.

Прогноза за 19.11.2023
Минимална температура: -3°C до 5°C
Максимална температура: 4°C до 12°C

Утрото студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 20.11.2023
Минимална температура: -5°C до 3°C
Максимална температура: 10°C до 16°C

Утрото студено, преку денот сончево и потопло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Прогноза за 21.11.2023
Минимална температура: 0°C до 6°C
Максимална температура: 9°C до 16°C

Променливо облачно и потопло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот ќе има локални врнежи од дожд, претежно во западните и северните делови.