Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Претрес во Скопје, пронајдени амфетамин, марихуана и пиштол

Денеска (16.11.2023) во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје ги лишиле од слобода Г.Ц.(31) и А.Н.(19), двајцата од Скопје, соопшти МВР.

При претрес во домот каде што престојувал Г.Ц., извршен со судска наредба, а во кој била затекната и А.Н., пронајдени се и одземени над два килограми амфетамин, околу половина килограм марихуана, дигитална вага, пари и пиштол, извести полицијата.

По целосно расчистување и документирање на случајот ќе им биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти

ДЕСК

Стојаноска: Вреди одигра улога на тројански коњ и ги раштрка гласовите во корист на ДУИ

ДЕСК

Филипче за одлуката на Славески: Парите од криминалните тендери на ВМРО ОКГ и Вучиќ ќе продолжат да се перат, а парите на народот заробени

ДЕСК