Centar.mk
фото Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Претрес во пробиштипско, пронајдени оружје и муниција

Денеска, полициски службеници од СВР Штип – ОВР Пробиштип го лишиле од слобода С.Ј.(33) од с.Пишица, пробиштипско. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени карабин, воздушна пушка, сигнален пиштол и 87 патрони различен калибар. Во координација со јавен обвинител, лицето е задржано во Полициската станица Пробиштип и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, соопшти полицијата.

Можеби ќе ве интересира

ИВА МИХАИЛОВА СО НОВА ИЗЈАВА ПО СНИМКИТЕ ОД БУГАРИЈА – Тврди дека никој не ја принудувал на ништо

ДЕСК

УШТЕ 11 ВОЗАЧИ ПРИВЕДЕНИ НИЗ МАКЕДОНИЈА – Возеле без положен испит, под дејство на алкохол и со активна забрана

ДЕСК

15 ПРИЈАВИ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ЗА ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ – Полицијата привела 11 лица низ Македонија

ДЕСК