Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Поради изборот на новите судии во Апелација, на неколку предмети им се заканува враќање од почеток

Судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци, во која загинаа 16 лица, би можело да биде вратено од почеток поради изборите на новите судии во Апелација.

Враќање им се заканува и на „Титаник“ и „Талир“.

Судијката Александра Ристевска е дел од судечкиот совет за предметот „Ласкарци“, а судијата Осман Шабани ги води „Титаник“, „Талир“ и случајот за велешката група. Двајцата се меѓу осумте нови судии во Апелациониот суд Скопје, што беа избрани вчера.

Засега е извесно дека судиите ќе останат да работат на предметите до правосилноста на одлуката за изборот во Апелација.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски им порача на граѓаните дека ќе ја платат цената додека цело ВМРО си обезбеди пасоши од ЕУ преку Бугарија

ДЕСК

Родителите работат, децата ги расте телефонот: Дали го губиме семејството?

ДЕСК

НЕВРЕМЕ И ТЕМНИ ОБЛАЦИ НАД МАКЕДОНИЈА ВО НАЈАВА: Детална четиридневна прогноза

ДЕСК