Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Милијарда евра досега преку ИПА за македонската инфраструктура, велат од СДСМ

Европската Унија е најголемиот донатор на нашата држава. Досега преку ИПА програмата се вложени околу милијарда евра неповратни средства за модернизација на инфраструктурата и развој, соопшти СДСМ.

„Програмата ИПА 3, која го опфаќа перидот 2021-2027 година е во тек.

Тука се и другите видови европска помош што ги добива државата, како ИПАРД програмите за модернизација на македонското земјоделство, нови 100 милиони евра доделени од Европската комисија за макрофинансиска помош, грант од 80 милиони евра за справување со енергетската криза.

ЕУ неодмна го објави пакетот за проширување на унијата и планот за раст на економиите на Западен Балкан.

Само со овој план на Македонија на располагање и стојат милијарда евра.

Со продолжување со реформите и со процесот на интеграција, првиот трансфер од новиот пакет ќе биде за пет месеци.

Евроинтеграцијата е во интерес на сите граѓани, на компаниите, на државата, европскиот пат на мора да продолжи.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Истрага за убиство на свиреп начин во кумановско, се испитува поврзаност и со други случаи

C +

Кузеска: Парите што ги планираа за нов авион Владата да ги пренамени за минимална плата од 600 евра

C +

Тошковски за „Клик Плус“ на ТВ 21: Докажавме дека со системот Безбеден град можеме европска вредноста да реализираме во Македонија, во фаза на имплементација е паметен зелен бран на скопските булевари

C +