Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Европската интеграција е единствено решение за Северна Македонија

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, денес оствари средба со новоименуваниот специјален претставник на Франција за Западен Балкан, Рене Троказ.

Вицепремиерот го запозна специјалниот претставник Рене Троказ на неговата прва официјална посета на Северна Македонија со тековните состојби, скрининг-процесот, реформите, со цел приближувањето на државата до полноправно членство со ЕУ.

На состанокот говорниците се согласија дека европската интеграција е единственото и оптимално решение за нашата држава.

Со цел да се оствари нашата заедничка стратешка цел, полноправно членство во Унијата, присуството на Франција и гласот на Париз се исклучително важни за Северна Македонија поттикнувајќи забрзување на динамиката на преговарачкиот процес на државата.

Присутните се сoгласија дека Франција и Северна Македонија остануваат посветени за заедничката заложба за остварување на европската перспектива на нашата држава и одржување на стабилноста на Западен Балкан и Европа во целост.

На состанокот присуствуваа и амбасадорот на Република Франција, Сирил Бомгартнер, и претставник од француското Министерство за надворешни работи.

Можеби ќе ве интересира

Мециновиќ: Државата од криза во криза не учи, а граѓаните ја плаќаат цената

ДЕСК

Билатерални средби на претседателот Гаши на маргините на 152. Собрание на ИПУ во Истанбул

ДЕСК

Филков се сретна со граѓански организации за реформите во изборното законодавство

ДЕСК