Centar.mk
ТЕХНОЛОГИЈА

Во Кина е пуштена во употреба најбрзата интернет-конекција во светот

Во Кина е пуштена во употреба најбрзата интернет-конекција во светот, која има пропустен опсег од 1,2 терабајт во секунда и ги поврзува Пекинг, Вухан и Гуангжу, пренесува „Глобал тајмс“.

Оваа ултрабрза мрежа долга 3.000 километри станува најзначајниот дел од идната интернет-инфраструктура на Кина.

Кина вртоглаво ги зголемува големината и брзината на своите интернет-инсталации.

Како што е наведено, до септември оваа година во земјата се изградени повеќе од 3 милиони станици за 5Г со антени формирајќи ја најголемата мрежна структура во светот.

Можеби ќе ве интересира

НАЈАВЕН ГОЛЕМ АИ-ПРОЕКТ ВО БРИТАНИЈА – Дракс планира центар за податоци со партнери

ДЕСК

Повеќе од цена: Како домашните апарати на Samsung внесуваат вредност во секојдневниот живот

ДЕСК

БРИТАНИЈА СО НОВО КИБЕРПРЕДУПРЕДУВАЊЕ – АИ може да ги засили нападите врз критичната инфраструктура

ДЕСК