Советот на општина Гостивар денеска ја изгласа Развојната програма на Секторот за локален економски развој при општина Гостивар.
Вкупната вредност на развојната програма изнесува 539.376.578,00 денари, а опфаќа инвестиции во повеќе различни области, со посебен акцент на инвестициите во градските патишта.
Сообраќајниците кои се очекува да се реконструираат во 2024 година се улицата Беличица, реконструкцијата на булеварот Гоце Делчев, реконструкција на булеварот „Гоце Делчев“, кружниот тек од Дом на култура до Автобуска станица, рeконструкција на ул/ „Илинденска“ од поранешен Млин до излез на магистрален пат – автопат Гостивар – Тетово, реконструкција на улица ЈНА, од Центар до булеварот Браќа Гиноски, реконструкција и асфалтирање на улица во нас. Леска, Санација и асфалтирање на постојна улица во населба Железничка, реконструкција и асфалтирање на улица Борче Јованоски (центар), реконструкција и асфалтирање на улица Ленинградска, рехабилитација на постојниот пат Драге Тодороски – населба Леска, асфалтирање на новиот пат проектиран во реон 7, Санација на постоечки пат Гавре Лазарески, изградба на тротоари и асфалтирање на ул. Иво Лола Рибар до ул. Беличица, реконструкција на ул. Панче Попоски (од ул. Беличица до ул. Страхиња Симоноски).
Ова се дел од патиштата кои се очекува да бидат реконструирани во текот на 2024 година, а покрај улиците во центар, Програмата предвидува и реконструкција на патишта што ја опфаќа целата територија на општината.