18. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Развоен Буџет за 2024 година, повисоки плати и пензии, велат од СДСМ

-Буџетот за 2024 година, предложен од Владата предводена од СДСМ е развоен, креиран согласно потребите на граѓаните и на македонската економија, соопшти СДСМ.

„Предложениот буџет целосно обезбедува средства за повисоките пензии и плати, како и средства за реализација на капиталните инвестиции.

Вкупните приходи се планирани на ниво од 310,1 милијарди денари, што е за 10 отсто повеќе во однос на 2023 година, а расходите се планирани на ниво од 343,6 милијарди денари или за 5,8 отсто повеќе во однос на оваа година.

Буџетскиот дефицит, проектиран на 3,4 отсто од БДП (33,5 милијарди денари), е во согласност со определбата за фискална консолидација.

Капиталните инвестиции се планирани 45,1 милијарда денари.

Очекувањата за 2024 година се раст на БДП од 3,4 проценти, раст на платите за 8,4 отсто и понатамошно намалување на инфлацијата на 3,6 отсто.

Целта на буџетот е поддршка на економскиот раст, фискална одржливост и редовна исплата на сите државни буџетски обврски – повисоки плати, пензии, социјални права, поддршка на земјоделците, на претпријатијата, фискална консолидација, справување со последиците од глобалната економска криза.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Утрото ведро и посвежо, преку денот сончево

C +

Каранфилова Пановска: Владата на ВМРО-ДПМНЕ е директно одговорна за еколошкиот хаос во Вардариште и Дрисла

C +

Каранфилова Пановска: Тошковски мора да сноси одговорност за серијата трагични случаи во изминатите 15 месеци

C +