Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне повремен дожд

Времето претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со утринска магла по одделни котлини. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен, а попладне долж Повардарието од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени.

Во Скопје променливо облачно, претпладне со слаба магла, а попладне и во вечерните часови со повремен дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 16 степени.

Во четврток ќе настапи преодно стабилизирање на времето. Во петок ќе дува засилен јужен ветер, а попладне под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд, пообилни во ноќните часови. Во сабота врнежите ќе бидат локални, а на планините ќе преминуваат во снег. Ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата.

Можеби ќе ве интересира

МВР со важно известување до граѓаните во врска со “Сејф сити”

ДЕСК

Директорите на македонска и корејска Царина: Царинска управа се етаблира како лидер на Балканот со напреден систем за анализа на ризик и податочен склад

ДЕСК

Градоначалникот Коњановски ја прими амбасадорката на Израел

ДЕСК