Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Романската министерка за надворешни работи во посета на Северна Македонија

Министерката за надворешни работи на Романија, Луминица Одобеску денеска ќе престојува во работна посета на Северна Македонија, на покана на министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Како што известија од МНР, во фокусот на разговорите ќе бидат билатералните односи, поддршката на Романија за европската интеграција на Северна Македонија, партнерството во рамки на НАТО, како и останатите актуелности од областа на надворешната политика.

Планирано е министрите да потпишат Акциски план за соработка меѓу Министерствата за надворешни работи на двете држави и Протокол за соработка во областа на образованието.

За време на престојот во Скопје, министерката Одобеску ќе оствари средби и со останатите претставници на државниот врв.

Можеби ќе ве интересира

ПОЛИЦИЈАТА ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: Малолетничка жртва на полово вознемирување од страна на 57 годишен возач на комбе

ДЕСК

СТРУМИЧКАТА ПОЛИЦИЈА РАСЧИСТУВА ИНЦИДЕНТ: Агресивно се однесувале кон вработени во општината и полициски службеници

ДЕСК

Апсење на Долно Блаце

ДЕСК