Centar.mk
фото Центар.мк
вестМАКЕДОНИЈА

Приведени двајца струмичани, украле марихуана од плантажа за производство на медицински канабис

Вчера кај место викано „Сушичко стопанство“, на магистралниот пат Ново Село-Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишија од слобода А.А.(33) и Р.Џ.(33), двајцата од Струмица. Тие се сомничат дека истиот ден извршиле тешка кражба во плантажи за производство на медицински канабис во атар на село Сушица, струмичко. Кај лицата е пронајдена вреќа во која имало украдени стебла марихуана, соопшти МВР.

Во координација со јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, лицата се задржани во Полициската станица Струмица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Гимназијата „Никола Карев“ се прости од загинатите Адам, Марко и Петар

C +

Левица: Пропадна и вториот тендер за ветените автобуси на Орце – голготата на скопјани продолжува

ДЕСК

УХМР издаде метео предупредување: Скопје под закана од попладневно невреме

ДЕСК