Centar.mk
КУЛТУРАвест

ПО НАЈАВЕНАТА ОРИГИНАЛНА ПРОМОЦИЈА НА СЛИКОВНИЦАТА „ЛЕФТИ И РАЈТИ СИ НАЈДОА ДОМ“, ЗАКАЖАНА ВТОРА ПРЕТСТАВА

Промоцијата на сликовницата “Лефти и Рајти си најдоа дом”, од авторката Наташа Дукоска, во издание на Чудна Шума, ќе се одвива на 19. ноември, во 13.30 часот во Јавна соба. За подобро претставување на ликовите, организаторите се одлучија да создадат театарска претстава и работилница за деца.

Под мотото “во недела во Јавна соба облеките ќе оживеат”, децата ќе имаат можност да ѕирнат во светот на облеките и да ги запознаат главните ликови блузата Лефти и панталоните Рајти.

Белата блуза Лефти и панталоните Рајти, ликови од сликовницата, се оживеани благодарение на актерите Гоце Андонов, Ана Димитрова и Надица Дојкоска од Театар за тебе, под режија на Изабела Јакимова.

“Театар за тебе” e организација која е активна една година и континуирано создава претстави и работилници за деца. Најпозната нивна работилница е ,,Марсовски пикник”, а особено се барани и по едукативната претстава ,,Мобиленд”.
Токму овој тим стои и зад адаптацијата на оваа прекрасна сликовница во театарски перформанс и работилница.

После првата распродадена театарска претстава за деца “Лефти и Рајти си најдоа дом”, закажана е и втора претстава која ќе се одвива истиот ден во 15.00 часот.

Линк до онлајн продажба на билети за вториот термин:

Линк 1: https://bileti.drugastrana.mk/index.php?id=367
Линк 2: https://bileti.drugastrana.mk/index.php?id=368

Можеби ќе ве интересира

Вистината излезе на виделина: „Матица“ објави втор том од „Табу – време на страв и страдање“ од Стојков – за првпат објавени досиеја и спомени за геноцидот врз Македонците од Пиринска Македонија

ДЕСК

Mozzart продолжува со Театарот на хуманоста: Полна сала за „Ивона, принцезата од Бургунд“

ДЕСК

Со книгата „Фудбал под сенка“ продолжуваат да живеат приказните на легендарниот Васил Рингов

ДЕСК