Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Николовски: Земјава е пример во светот за консолидација на земјоделско земјиште

„Две теми беа теми на разговор при посетата на делегацијата од Азербејџан, тука беше главниот советник на претседателот, министер за земјоделство. Тие беа пратени од ФАО при ООН да дојдат во Северна Македонија за да видат пример како треба да се консолидира земјиштето за да се окрупнува“ рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски во „Студио 10“ на ТВ24.

Тој додаде дека земјава во 2018 година донесе нов закон, усогласен со сите светски практики и натерен се покажа во сите девет региони дека успешно може да се спроведе консолидацијата.

„Еден сме од уникатните примери, ние сме мала земја, сме на почеток во делот на окрупнување на земјиштето но сме препознаени како лидери на терен како тоа го спроведуваме. Изградивме процес на доверба со земјоделците заедно со инситтуциите и веќе во деветте региони завршуваме финални постапки за консолидација кои не се така едноставни“ рече Николовски.

Министерот додаде дека од Азербејџан сакаат да го препишат моделот на земјава, а освен за консолидацијата, делегацијата од Азербејџан се интересирала и за отворање на пазарот.

„Се договоривме дека го отвораме пазарот во Азербејџан за македонското јаболко. Во мај ќе бидеме делегација од Северна Македонија во Азербејџан на еден од поголемите саеми за преработки“ рече Николовски.

Можеби ќе ве интересира

25 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА НОВ СИСТЕМ ЗА НАВОДНУВАЊЕ – Проектот во Валандовско ќе опфати 1.500 хектари

ДЕСК

ОД ВТОРНИК СЛЕДУВА ЗАТОПЛУВАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА – Температурите ќе достигнат до 19 степени, но се најавуваат магла, дожд и силен ветер

ДЕСК

ПЕТ ПРИЈАВИ ЗА НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИ – Во едно деноноќие пријавени демнење, закани и напади

ДЕСК