Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

51 санкционирани возачи за брзо возење во Скопје, 21 без возачка

-Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (14.11.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 241 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51 санкциja, 21 меркa за возење без возачка дозвола, девет санкции за прекршоци што ги прават пешаците, соопшти МВР.

Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон при возење, 19 санкции за некористење сигурносен појас, шест мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), осум мерки за непрописно престројување на возила…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Црна Гора со поддршка за македонските евроинтеграции – „Проширувањето мора да биде според заслугите“

ДЕСК

ПРИЗНА ВИНА ЗА ПАЛЕЊЕТО НА ВОЗИЛАТА ПРЕД БУГАРСКАТА АМБАСАДА – Се чека проценка на штетата

ДЕСК

ВЕЧЕРВА ПОЧНУВА ИЗБОРНИОТ МОЛК ВО БРВЕНИЦА – Во недела втор круг од гласањето

ДЕСК