Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Стојчевски: ДКСК да го истражи скандалот со кумската врска за тендери во општина Штип

-Двегодишниот мандат на градоначалник Иван Јорданов, единствено што го карактеризира сѐ различни афери и основани сомненија поврзани со негови блиски луѓе и сопартијци. По скандалот со Секретарот на Општина Штип, Вишна Шорова Ангелова и нејзината дивоградба, скандалот со јавна набавка во детската градинка “Астибо”, скандалот со проневера на нафта во којшто беше вмешан близок човек на Иван Јорданов, во јавноста се проширија информации за нов обид на градоначалникот Јорданов да ги задоволи потребите на своите партиски луѓе, но и луѓе со коишто има роднинска врска, изјави на денешната прес конференција Трајче Стојчевски, советник во Советот на општина Штип и потпретседател на СДММ.

-Имено, во ЈП “Исар” Штип јавната набавка за храна ја има добиено фирма во којашто близок роднина (или поточно зет за ќерка) е лицето Методи Јорданов, чиишто кум му е токму градоначалникот Иван Јорданов. За сомнежот да е уште поголем, лицето Методи Јорданов коешто е во роднинска врска и со фирмата и со градоначалникот Јорданов, е член на Управниот одбор на претпријатието ЈП “Исар”, рече Стојчевски.

-Затоа прашуваме, дали постои основ за судир на интереси и дали Јорданов со тендери од илјадници евра ги “чести” своите блиски сопартијци и луѓе со којшто е во роднинска врска? Дополнително во јавноста се шири информација дека истата фирма треба да ги купи дуканите од јавното претпријатие Исар. Затоа како советничка група на СДСМ и коалицијата во наредните денови ќе поднесеме пријава и ја повикуваме Државната комисија за спречување корупција да го истражи случајот, дали постои основ за судир на интереси, изјави Стојчевски.

Можеби ќе ве интересира

Ако се фаќате за волан денес, внимателно прочитајте го овој текст: Прекини и пренасочувања на неколку места

ДЕСК

Полицијата го уапси возачот кој вчера изгази дете и избега

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Дали СДС на Бихаќка ќе слават Нова година по дубајско време како нивниот лидер Заев и Филипче дали и овој пат го резервираа навреме Харис да им пее?

ДЕСК