Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

30 ноември неработен ден во Скопје за учениците и административците

Владата на денешната седница одлучи 30 ноември да боде неработен ден за сите вработени во државната и јавната администрација, на подрачјето на град Скопје, како и за основните и средните училишта на подрачјето на град Скопје, поради одржувањето на 30. министерски состанок на ОБСЕ.

Одлуката не се однесува на детските градинки и здравствените установи на подрачјето на град Скопје, кои што е потребно да изработат сопствени планови за работењето, со цел непречено функционирање, додаваат од Владата.

Исто така, Владата одлучи претходниот ден (29 ноември) работното време на сите вработени во државната и јавната администрација на територијата на градот Скопје да заврши во 12 часот.

Можеби ќе ве интересира

Филипче до Мицкоски: Ги оставивте работниците без поголеми плати

C +

Мицкоски до Филипче: Сто пати ви кажав, за ЕУ нема да водиме мекотелна политика

C +

Филипче: Од Владата на Мицкоски граѓаните веќе не може да очекуваат ништо, можеби банкрот

C +