-Христијан Мицкоски или нема познавање или свесно кажува невистини за Чебрен и зборува за некакви скандали. Скандал е тоа што Владата на Никола Груевски и ДПМНЕ во 2013 година го доделила Тиквеш на приватниот инвеститор токму 3 месеци по добивање на одобрението за градба на ХЕЦ Чебрен, соопшти СДСМ.
„Додека СДСМ, со интервенција во Одлуката за започнување на постапката за доделување на концесија, го внесува Тиквеш во заедничка компанија 3 месеци по пуштање во работа на ХЕЦ Чебрен.
Тоа е суштинска и огромна разлика.
На овој начин Владата на СДСМ заштедува 100 милиони евра, пари на граѓаните.
Односно, токму Владата на ДПМНЕ и Никола Груевски, на кого Мицкоски му беше советник за енергетика, 100 милиони евра сакала да му поклони на приватниот инвеститор.
Добро е што Мицкоски индиректно го признава ова, но треба да се извини на граѓаните и да ја каже вистината таква каква што реално е, бидејќи се очекува да ја знае и како советник за енергетика и како поранешен директор на ЕСМ, тогашен ЕЛЕМ.
ДПМНЕ 11 пати објавуваше тендери за Чебрен за реализација и не успеа.
СДСМ направи успешна постапка со што овој огромен и значаен проект вреден преку 1 милијарда евра ќе се реализира а ЕСМ ќе биде сопственик од 33% со што парите за инвестицијата треба да ги обезбеди во целост приватниот партнер.
Со изградбата на Чебрен се зголемува енергетската независност на државата се прави и голем чекор кон заштита на животната средина.“ – се вели во соопштението.