Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Часовник од 8.000 евра, хибридни бричеви и кумски врски, тоа прави локалната власт на ДПМНЕ

-Освен тоа што ништо не работат и за 2 години резултатите им се нула, локалната власт на ДПМНЕ ја тресат серија скандали.

„Градоначалникот на Кисела Вода од ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски се гледа на слики со скап часовник, кој според јавно достапните информации чини 8.000 евра. Од каде му се 8.000 евра на Ѓорѓиевски за толку луксузен саат? Колку пари има заработено граночалникот Орце Ѓорѓиевски штом може да си дозволи луксузен часовски вреден илјадници евра.

Во Зрновци под капата на ДПМНЕ се случуваат скандалозно, бизарно и нелогично трошење на народните пари. Директорка назначена од ДПМНЕ преку сметка на основното училиште во Зрновци купила гејмерска столица од 9.999 денари, хибриден брич од 6.374 денари и смути блендер.

Општина Штип пак со ДПМНЕ ја тресе афера на кумско-семејна врска во јавните набавки, за набавка на ЈП Исар Штип, вреден 20.000 евра. Кумашинот на градоначалникот е член на Управниот одбор на јавното претпријатија а таткото на кумашинката на градоначалникот го добива тендерот. Тоа односот на кадрите на Мицкоски и ДПМНЕ кон парите на граѓаните.

Ништо не се менува во ДПМНЕ, како што владееа 11 години со држава, сега така се однесуваат во 40 општини како локална власт.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК