Centar.mk
фото Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

239 санкции за брзо возење

– Во текот на вчерашниот ден (12.11.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 239 возачи. Од нив 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 152 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 87 надвор од населено место, соопшти МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

ДОМ: Кога реформите се само декор, цената ја плаќаат граѓаните!

ДЕСК

НБРМ: Народната банка најостро ги отфрла манипулациите на СДСМ: Повторуваат веќе демантирани невистини и свесно ја поткопуваат довербата на штедачите

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Во куќата на Заев во Грција се криеле криминалци во бегство кои се барале со потерница

ДЕСК