4. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Зошто жените живеат подолго од мажите?

Бројни истражувања и статистики докажаа дека жените во просек живеат шест и пол до седум години подолго од мажите. Ако погледнете наоколу сигурно ќе видите многу баби кои го надживеале својот дедо.

Просечниот животен век на жените е 79, а на мажите 73 години. Експертите истражувале зошто животниот век на жените е помалку од една деценија подолг од оној на мажите и дошле до следните резултати.

1. Естроген
Естрогенот ги одржува здрави крвните садови предизвикувајќи дилатација на крвните садови и на тој начин ја подобрува функцијата на ендотелијалните клетки, пишува Среќна Република.

– Може да го подобри протокот на крв и да го намали ризикот од атеросклероза, која е главната причина за срцеви заболувања. Естрогенот може да го подобри и профилот на холестерол со намалување на нивото на LDL или лошиот холестерол и подигање на нивото на HDL т.е. добар холестерол. Покрај тоа, антиинфламаторните својства на естрогенот помагаат да се намали воспалението во крвните садови, што може да го намали ризикот од хронични кардиоваскуларни болести. Затоа жените помалку страдаат од коронарна срцева болест, срцев удар, мозочен удар и срцева слабост – објасни кардиологот д-р Роберт Сегал.

2. Помалку ризични работни места и екстремни спортови
д-р. Ровит Вупулури, кардиолог од Чикаго, забележал дека мажите почесто имаат лоши навики како што се пушење цигари, пиење алкохол, употреба на дрога и брза храна. Друга причина зошто жените живеат подолго од мажите е тоа што не се занимаваат со ризични работи толку често и ретко практикуваат екстремни спортови.

– Сите овие однесувања го зголемуваат ризикот од хронични заболувања како хипертензија, хиперлипидемија, дијабетес мелитус, хронична опструктивна белодробна болест, хронична бубрежна болест, цироза на црниот дроб и дебелина. Мажите исто така имаат поголема веројатност да имаат опасни работни места, да возат повеќе невнимателно и да преземаат повеќе ризици во спортот. Тоа може да доведе до несреќи и повреди, што може да им го скрати животот – изјави Сегал.

3. Поздрава исхрана и вежбање
Жените се тие кои ја подготвуваат храната, па затоа посветуваат поголемо внимание на купувањето и подготвувањето храна и се трудат исхраната да им биде поразновидна и поздрава.

– Цврсто верувам дека исхраната и вежбањето играат важна улога во долговечноста на човекот, бидејќи подобриот избор на храна го одржува телото во рамнотежа, а вежбањето ги прави мускулите и коските поцврсти. Подобрата исхрана значи подобро здравје на срцето, контрола на тежината и целокупно здравје, заклучува Сегал.

4. Почесто одат на лекар
Со сето горенаведено, истражувањата покажаа дека жените поредовно одат на лекар.

– Мажите имаат многу поголема веројатност да ги отфрлат болките во градите и отежнато дишење како мали симптоми кои ќе исчезнат сами од себе, пред да побараат лекарска помош. Кога конечно одат на лекар, резултатите од различните студии покажуваат дека помалку ги следат упатствата на лекарот отколку жените – заклучуваат експертите.