Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Извештајот на ЕК е потврда, ДПМНЕ и Мицкоски се кочничари на европскиот пат

-Извештајот на Европската комисија ги потврди фактите дека ДПМНЕ и Мицкоски се кочничари на европскиот пат и на реформите на земјата. Извештајот јасно наведува дека ДПМНЕ активно ја блокираше работата на Собранието што беше значајна пречка за напредок, соопшти СДСМ.

„Се укажува на потребата да се донесат уставните измени и реформите за ЕУ кои ги блокираат токму Мицкоски и ДПМНЕ, а блокадата на ДПМНЕ е и за поглавјата кои се однесуваaт на борбата против корупцијата.

Но, и покрај опструкциите на опозицијата, државата продолжува да ги исполнува условите за продолжување на преговорите за членство.

Блокадите и опструкциите на ДПМНЕ и Мицкоски мора да бидат поразени заради сите граѓани и заради иднината на земјата.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Инцидент како на филм во Македонија: Го пресретнале додека возел и му го блокирале патот, па потоа вооружени лица излеглe и му го демолиралe возилото

ДЕСК

46 годишна жена нападната од 38 годишна скопјанка – причината банална: недоразбирање во сообраќајот

ДЕСК

Тежок инцидент пред угостителски објект во Скопје: Рането 16 годишно дете

ДЕСК