17.8 C
Скопје
14. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Лукаревска: Приливот од извоз на вино е се поголем, минатата година бевме на 15 место во светот

„Винарството и лозарството се исто така сектори со висок приоритет за нас. За лозарите се подготвува нов модел на субвенционирање чии предлози се од 100 процентна корист за секој лозар за да се сочува бројот на лозови насади и да се подобри квалитетот. Ние сме мала земја која минатата година беше на 15-тото место во светот по девизен прилив од извоз на вино. Тој прилив од година во година е сè поголем“ рече заменик-претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска на трибината „Македонското земјоделство на европскиот пат“ во Струмица.

Таа додаде дека со искрениот партнерски однос со лозарите и со винариите, во буџетот и пред време се враќа секој денар даден како поддршка.

„Таа поддршка од СДСМ секогаш ќе ја имаат особено сега кога ширум се отвораат портите на големиот европски пазар. Подготвено го пречекуваме тој момент зашто направивме нов Закон за вино, усогласувајќи го со одредбите од европското законодавство за регулирање на пазарот на грозје и на вино. Само да напоменам, дека овој предлог-закон целосно е на страната на лозарите“ рече Лукаревска.