12.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЉУБОВ И СЕКС

Доктор откри колку треба да трае просечната интимна врска: Минутите разочараа многумина

Д-р Хари Фиш спроведе истражување за да утврди колку долго трае просечната интимна врска, а резултатите ги објави во книгата „The New Naked: The Ultimate Sex Education for Grown-Ups“.

Истражувањето наведува дека 43 отсто од паровите во просек не водат љубов повеќе од две минути. Понатаму, 23 отсто од нив имаат интимни односи од три до седум минути, 15 отсто од седум до 15 минути, а само 12 отсто од паровите изјавиле дека сексот трае од 15 минути до неколку часа.

Фиш во книгата пишува дека мажите се главните „виновници“ за кратки сексуални односи поради прераната ејакулација. Повеќе од 90 проценти од жените не можат да доживеат оргазам во рок од две минути, поради што често се лишени од задоволство.

„Постојат големи варијации помеѓу паровите, па некои навистина водат љубов и до еден час, но има уште многу чии „страсни сесии“ се кратки“, напиша Фиш.

Покрај тоа, тој во книгата изјавил дека во просек паровите водат љубов два пати неделно. Тој ги советуваше мажите кои не можат да го одложат оргазмот по две минути или да го доживеат по 40 минути, да се консултираат со лекар.

Спонзорирано: