25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Прашање е на месеци: Научниците открија колку време му е потребно на мозокот да се опорави од алкохолот

Новото истражување на научниците од Универзитетот Стенфорд покажа дека на мозокот му се потребни дури 7,3 месеци за да се опорави од штетата предизвикана од алкохолот.

Прекумерното консумирање алкохол го зголемува ризикот од неколку проблеми поврзани со мозокот како што се деменција, мозочен удар и депресија, покажуваат студиите. Новото истражување покажа колку време всушност му е потребно на мозокот да ја поправи штетата предизвикана од алкохолот, а тоа се месеци.

Научниците од Универзитетот Стенфорд открија дека на мозокот му требаат 7,3 месеци за да се опорави. За време на тој период, алкохоличарите кои престанале да пијат ја повратиле вкупната дебелина на мозокот, откриле истражувачите.

„Овие резултати ги поддржуваат адаптивните и корисните ефекти на одржливата трезвеност врз структурното закрепнување на мозокот“, напишаа тие.

Студијата, објавена во списанието Science Direct, ги разгледа ефектите на трезвеноста врз мозокот на алкохоличарите. Тие натераа 133 луѓе – од кои 88 алкохоличари – да престанат да пијат и го анализираа нивниот мозок за да видат како тоа влијае на нив.

По седум месеци, дебелината на церебралниот кортекс значително се подобри кај повеќето луѓе со зависност од алкохол. Тие рекоа дека ова сугерира дека мозокот може да ја поправи и регенерира својата структура кога алкохолот повеќе не е фактор.

Сепак, тие предупредија дека студијата била спроведена само на неколку луѓе и дека мора да се направат повеќе истражувања за да се потврдат позитивните наоди.