13. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
НАУКА

Во Њујорк лекарите ја извршија првата целосна трансплантација на око во светот

Хирурзите во Њујорк велат дека ја извршиле првата целосна трансплантација на око во светот, иако не се сигурни дека нивниот пациент ќе го врати видот. Арон Џејмс, кој имаше несреќа со струја од висок напон, беше подложен на 21-часовна операција за замена на половина од неговото лице.

Поголемиот дел од лицето
Да потсетиме, хирурзите со години успешно пресадуваат рожници. Експертите го нарекоа откритието клучен момент во потрагата за враќање на видот на милиони луѓе. Работник на високонапонска мрежа од американската сојузна држава Арканзас изгубил поголем дел од лицето кога случајно допрел жица под напон од 7.200 волти во 2021 година.

Во мај оваа година, тој беше подложен на ретка делумна трансплантација на лице заедно со трансплантација на око – во која беа вклучени повеќе од 140 здравствени работници. Хирурзите кои ја извршија комплицираната операција вчера изјавија дека Џемс (46) добро закрепнува од двојната трансплантација и дека донираното око изгледа неверојатно здраво.

Лекарите велат дека неговата операција им нуди на научниците невиден увид во тоа како човечкото око се обидува да се излечи.

Еден чекор поблиску
– Не тврдиме дека ќе си го вратиме видот, но нема сомнеж дека сме чекор поблиску – изјавил еден од постарите за ABC News.

Лекарите рекоа дека има директен проток на крв во мрежницата – делот од окото што испраќа слики до мозокот. Иако нема сигурност дека ќе му биде вратен видот на новото око, лекарот не ја исклучува ниту таа можност.