25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Слаѓана Вујошевиќ: Дел од турските серии се приспособуваат на желбите на публиката

Актерката Слаѓана Вујошевиќ завршила мастер и докторски студии во Истанбул, каде живеела и работела 7 години. Таа поминала повеќе од една година во изучување на овој исклучително тежок и за неа нов јазик, за најпосле да успее да глуми во турски претстави и серии. Интересно е дека нејзината прва улога – слугинка од Молдавија по име Вера почнала да добива се поголем удел во серијата, со тек на времето. Таа раскажува како Вера, од отворање и затворање врати станува лик кој ги прави клучните заплети помеѓу главните ликови. Според неа, често овие серии се менуваат согласно мислењето на публиката за некој лик. Па така, некои поголеми улоги со текот на серијата исчезнувале, додека некои други добивале се повеќе реплики и време на екранот.

Се работи за многу моќна алатка, во Турција има публика која комплетно им верува на сериите и се поистоветува со нив. Кога живеев во студентскиот дом една од хигиеничарките ми пријде и ми вели „Ти си Кристина?!“. Се сетив. Велам, да, да ја гледате серијата. Таа вели: „Ја гледам, ја гледам. Те молам кажи ја вистината! Цела вечер не сум спиела“. Потоа почнав да истражувам и сфатив дека има луѓе кои живеат со турските серии. Во домовите се прави распоред и координација за да може да се гледаат сите серии.

Таа раскажува и за анегдота, која можеби не е вистина, но постои како мит. Во некоја од епизодите на „Долина на волците“ се закажал погреб на еден од главните ликови си информација за час и време. И, имало луѓе кои реално се појавиле на местото. Сепак, овие серии се популарни во многу држави, според некои информации во 150 држави низ светот, а профитите од извозот на сериите се очекува да достигнат 1 милијарда долари. Се работи за огромна индустрија и интересно беше да се слушне од актерка која била дел од истата. На македонската јавност Слаѓана и е најпозната како гласот на цртаната хероина Биби. За овие и многу други теми слушнете во продолжение:

Сите епизоди на „Што го врти светот“ можете да ги најдете на YouTube и Spotify каналите на поткастот.