Во текот на новата седмица ќе преовладува топло време. Во вторник ќе има локален развој на нестабилна облачност, а во среда на повеќе места се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од четврток ќе преовладува сончево време со променлива облачност во текот на денот.
Прогноза за 16.06.2026
Минимална температура: 8°C до 18°C
Максимална температура: 28°C до 34°C
Променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Прогноза за 17.06.2026
Минимална температура: 9°C до 19°C
Максимална температура: 27°C до 33°C
Променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд и услови за појава на град.
Прогноза за 18.06.2026
Минимална температура: 910C до 19°C
Максимална температура: 27°C до 34°C
Променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне наместа ќе има услови за појава на пороен дожд и грмежи.


