Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Извештајот на ЕК е јасен, имаме напредок во 81% од поглавјата, нема назадување во ниту едно, велат од СДСМ

Извештајот на Европската комисија е јасен прогрес има во 81% од поглавјата, нема назадување во ниту едно поглавје, соопшти СДСМ.

„Во однос на подготвеност на поглавјата, во 90% има соодветно ниво на подготвеност.

Нема повеќе делови во Извештајот како во времето на ДПМНЕ од 2015 или 2016 година за заробена држава, нема мешање во судската власт, нема уназадување.

ЕУ го објави пакетот за проширување на унијата и планот за раст на економиите на Западен Балкан.

Само со овој план на Македонија на располагање и стојат милијарда евра.

Со продолжување со реформите и со процесот на интеграција, првиот трансфер од новиот пакет ќе го имаме за пет месеци од сега.

Затоа блокадите и опструкциите на ДПМНЕ и Мицкоски мора да бидат поразени.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Времето се влошува: Дожд и снег со локално над 50 l/m² – детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Мицкоски на средба со Орбан и говор на научната установа MCC: Македонија и Унгарија градат силно стратешко партнерство, економијата е во фокусот

ДЕСК

Трагедија го потресе Скопје: 38 годишен маж пронајден починат, а до него имало пиштол – претходно бил пријавен за исчезнат

ДЕСК