Centar.mk
фото Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

273 санкционирани возачи во Скопје, 37 за некористење сигурносен појас

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (09.11.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 273 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 34 санкции, 37 мерки за возење без возачка дозвола, 12 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, извести МВР.

Изречени се 15 мерки за користење мобилен телефон при возење, 37 санкции за некористење сигурносен појас, три мерки за четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

СЕ КРЧКА НЕВРЕМЕ ВО АТМОСФЕРАТА: Пороен дожд, ветер и град можни во следните денови

ДЕСК

Пукање во скопско Шишево, еден повреден

ДЕСК

АРАМИСКА СТОРИЈА ВО ЦЕНТАР: Клиент без пари го нападнал доставувачот и ги зел производите

ДЕСК