Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Премиерот Ковачевски денеска во официјална посета на УНЕСКО

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во рамки на работната посета на Париз, денеска ќе оствари официјална посета на Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации (УНЕСКО).

Премиерот Ковачевски ќе има свое обраќање во 10 часот на маргините на 42-та Генерална конференција на УНЕСКО, која се одржува во седиштето на УНЕСКО во Париз.

На официјалната посета на УНЕСКО премиерот Ковачевски, ќе биде пречекан од генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле.

Можеби ќе ве интересира

Апсења и претреси во Куманово

ДЕСК

Одземени три возила во тетовскиот регион

ДЕСК

Платил 2.000 евра за да му биде издадена возачка на сопругата, но никогаш не ја добил, полицијата истражува

ДЕСК