Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Мисовски: Во моментот СДСМ спроведуваат анкети, преку кои ќе се дојде до човек што има најголема поддршка кај граѓаните

„Мислам дека ќе одиме со единствен кандидат. Во овој момент во СДСМ спроведуваат анкети, преку кои ќе се дојде до човек што има најголема поддршка кај граѓаните. Логично е како парламентарно мнозинство и владина коалиција да го поддржиме тој единствен кандидат. Ние формираме европски фронт“, изјави Потпретседателот на Собранието и лидер на НСДП Горан Мисовски, во интервју за најновиот број на неделниот „Фокус“

Тој дополни дека се одржала првична средба со СДСМ сите коалициски партнери, во смисла на расчистување на дилемите дали изборите ќе бидат одвоени или заеднички.

„ Во 2016 година, сите анкети покажуваа победа меѓу 6 и 9 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, но тоа не се случи и ние формиравме влада. Јас не се базирам на анкети, најдобра анкета е меѓу граѓаните. Плус, има и други анкети, каде што ние како европски сојуз сме 5-6 отсто пред ВМРО“, заклучи Мисовски.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: 65,7 милиони евра за Македонија од Планот за раст за спроведени реформи од Реформската агенда, најмногу од целиот регион, а кога СДС говори за корупцијата нека почне прво со чистење на својот двор кој е полн со криминалци

ДЕСК

Бојковска: Роамингот како дома станува реалност со ВМРО-ДПМНЕ, испорачуваме резултати, а не изговори

ДЕСК

Македонски Телеком добитник на национална награда за одржлив развој за иницијативата „Нет без хејт“

ДЕСК