Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Одлагањето или ставањето во неизвесност на преговорите го става во неизвесност и реформскиот процес според ЕУ стандарди

„Одлагањето или ставањето во неизвесност на преговорите и на членството на Северна Македонија во Европската Унија го става во неизвесност и реформскиот процес според ЕУ стандарди“ рече вицепремиерот Бојан Маричиќ на прес-конференција.

Тој додаде дека во исклучително сложени геополитички околности и регионални тензии, и со внатрешната неизвесност околу продолжувањето на овој европски интеграциски процес, прифаќањето на уставните измени остануваат предуслов кој не може да го прескокнеме.

„И тука нема никакви дилеми дека одлуката е во наши раце. Само од нас ќе зависи секој следен чекор во процесот и динамиката на преговорите. Лажна приказна, мит, но и неодговорна и опасна политичка позиција е дека Северна Македонија има луксуз да чека или дека може да постигне подобар договор во иднина“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека важна е констатацијата на Комисијата дека процесот на скрининг се одвива непречено, а земјата и Владата покажуваат високо ниво на посветеност.

Можеби ќе ве интересира

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

ДЕСК

МАКЕДОНЦИТЕ СÈ ПОТЕШКО ГО ПОЛНАТ ФРИЖИДЕРОТ: Сметката расте, кесите се сè попразни

ДЕСК

ГРАДОТ ЗА 10 МИНУТИ МОЖЕ ДА НАПРАВИ ШТЕТА ОД 1.000 ЕВРА: Дали луѓето се подготвени?

ДЕСК