Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Кривична пријава против две лица од Битола за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“

-Криминалистичката полиција на СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.А.(38) и М.О.(34), двајцата од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Тие се сомничат дека на 16.03.2023 од фабрика за производство на канабис за медицински цели во с.Кравари, битолско, во која првопријавениот бил управител, со патничко возило изнеле марихуана, соопшти МВР.

-При извршен претрес во фабриката, пак, било констатирано дека во сефот имало вреќи со вкупно 70 килограми марихуана со различна тежина, соопшти полицијата.

Можеби ќе ве интересира

ЗИМАТА ТРОПА НА ВРАТА – Македонија ја очекуваат снег, дожд и силен ветер, температурите одат во минус

ДЕСК

РАСПРАВИЈА ЗА КРАВИ ЗАВРШИЛА СО ТЕШКИ ПОВРЕДИ – Нападната 67-годишна жена во кривопаланечко

ДЕСК

ЈА НАПАДНАЛ ПОРАНЕШНАТА СОПРУГА – 38-годишник приведен во Куманово

ДЕСК