23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Вархеји: Планот за раст на Западен Балкан е еден нов и одважен пристап кој ќе го катализира напредокот на Западен Балкан

„Денес не само што излегуваме пред вас со извештај за проширувањето што го правиме секоја година, туку изнесуваме еден многу важен сигнал, а тоа е дека сакаме да го убрзаме процесот на проширување. На терен е остварен јасен напредок и никогаш досега не сме биле сведоци на тоа колку членството во ЕУ е двигател на сите овие околности“, изјави еврокомесарот Оливер Вархеји во свое обраќање по повод излезениот извештај за проширувањето за државата.

Тој појасни дека убрзувањето на процесот на проширување ќе се случи токму преку планот за раст на Западен Балкан кој е еден нов и одважен пристап и кој ќе го катализира напредокот и ќе ја затвори таа нееднаквост која постои меѓу Западен Балкан и ЕУ на подрачјето на социјалните и економските прашања и овозможува и дава прилика за рана интеграција на овој регион во ЕУ, пред што дефакто и се приклучуваат.

„Секогаш зборуваме за тоа какви се нашите институционални задачи во тој контекст. Сега зборуваме за вистинско интегрирање на тој регион. Со други зборови, на кој начин ќе ја забрзаме интеграцијата на нашите општества и државите, мислам пред се на нашите партнери од Западен Балкан “, потенцираше Вахеји.

Тој заклучи дека тоа носи вистински предности за двете страни, а би требало да даде предности за членство и пред да дојдат во суштина до него. Тоа е одговор на барањето на државите членки од почеток на годината но и продолжување на она што го работевме во 2020 година кога е усвоена новата методологија.