14. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Османи – Коломина: Интеграцијата на Западен Балкан како влог во регионалната стабилност

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари средба со Хавиер Коломина, заменик-помошникот генерален секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика и специјален претставник на генералниот секретар на НАТО за Кавказ и Централна Азија.

Во фокус на средбата беа безбедносните состојби во Западен Балкан, при што заедничко беше констатирана потребата од синхронизирано дејствување на НАТО и ЕУ на нашите простори, со цел забрзување на процесите на евро-атлантската интеграција. Според соговорниците, ваквиот чекор е клучен за зајакнување на регионалната стабилност, а воедно ќе го спречи дејствувањето на трети земји во нашиот регион. Во овој контекст Османи ја потврди силната посветеност на Северна Македонија кон политиката на НАТО на отворени врати.

„Ја истакнав и улогата на Северна Македонија како актуелен претседавач со САД – Јадранската повелба, или позната како А5, во насока на поттикнување на евро-атлантските интеграции на земјите од регионот и зачувување на регионалната безбедност. Ние како претседавачи во тесна координација со земјите членки ја поставивме основата за креирање нов стратешки концепт на А5, чија главна цел е зајакнување на соработката на земјите од Повелбата, кои се членки на НАТО, како и овозможување поголем ангажман и доближување до вредностите на алијансата на земјите од А5, кои не се НАТО-членки“, рече Османи.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Кога институциите молчеа, ние ја кренавме вистината за Кочани

ДЕСК

Филипче: Никој во Кочани не може да оди со крената глава, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

ДЕСК

Филипче од Виница: ВМРО-ДПМНЕ ја остави Виница без ниту еден проект, во долгови, смет и зголемени сметки

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.