Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Измамен гостиварец за 2.000 евра: скопјанец му понудил производи, но не му ги доставил

Вчера, во 16.30 часот, во СВР Тетово 56-годишен гостиварец пријавил дека бил измамен од лице од Скопје, кое му се претставило како бизнисмен и му понудило производи во вредност од 2.000 евра, извести СВР Тетово.

„Откако телефонски се договориле, пријавителот преку такси-возило му ги испратил парите, но производите не му биле доставени по што увидел дека е измамен“, соопшти СВР Тетово.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина

C +

Филипче: Мицкоски лаже, македонскиот јазик е признаен во ЕУ

C +