Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Европска комисија: Северна Македонија има одлични добрососедски односи и активно учествува во регионалните иницијативи

Во Извештајот на Европската комисија за напредокот на Северна Македонија се истакнува активното учество на земјава во регионалните иницијативи како Берлинскиот процес и Отворен Балкан.

Од ЕК истакнуваат дека земјава исто така продолжи да развива добри односи со останатите земји кои се во процесот на пристапување.

Токму регионалната соработка е и услов за пристапување до единствениот европски пазар пред полноправното членство, согласно новопрезентираниот План за раст. Планот предвидува можност за пристап до заедничкиот пазар на ЕУ пред полноправното членство, што значи дека нашите производи и услуги може да се пласираат на Единствениот Европски Пазар.

Ваквиот план на Европската комисија е скроен по барање на земјите од Западниот Блкан, со цел да се искористат привилегии и можности од зачленувањето во ЕУ пред време, односно додека траат преговорите.

Според Извештајот постоечките билатерални договори, како Преспанскиот договор и Договорот за добросоедство со Бугарија и вклучителни протоколи треба да продолжат да се спроведуваат од сите страни.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода гевгеличанец, превезувал шест мигранти и излетал од патот

ДЕСК

Таксист натепан во Скопје

ДЕСК

Лишени од слобода пет возачи за безобѕирно управување возило, двајца возеле без возачка дозвола, други двајца со активна забрана за управување возило

ДЕСК